(Видео+фото) Неверојатно откритие: Во Египет пронајдени гpoбници недопрени најмалку 2 500 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Египетското Министерство за туризам и реликвии го потврди откривањето на 13 дрвени ковчези стари најмалку 2.500 години, запечатени и недопрени од првото закопување. А веројатно има и повеќе.

Според соопштението за едиумите, грoбницата е откриена во близина на пустината неkропола Сакара во Египет, околу 11 метри под земја, со дрвени саркофази кои сѐ уште се запечатени и главно недопрени. Некои дури ја зачувале и оригиналната боја на дрвото, пренесува РТ.

Според министерот за туризам Калед Ал-Анани, исто така се пронајдени три запечатени ниши, и најверојатно ќе има уште многу откритија во оваа гробница во наредите неколку месеци.

Со оглед на совршената состојба на гробната комора, археолозите очекуваат да најдат дополнително богатство скриено во неа.

Секој предмет пронајден закопана покрај мpтвите ќе го расветли нивниот статус, богатство и влијание – иако барем засега идентитетот на починатите останува мистерија.

Во меѓувреме, министерството ги најавува идните соопштенија преку видео, веројатно во обид да се врати во живот туризмот во земјата, што е дополнително ослабен од пандемијата на коронавирусот.

Египетската влада ќе го отвори пристапот до музеите и културните места на 1 септември.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This