April 27, 2024, 12:51 am

Прв Преспа форум дијалог во Охрид:Околу 300 учесници, меѓу кои високи претставници од Европа и САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започна првиот Преспа форум дијалог, во Охрид.Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа.

На официјалното отворање на првиот ден од конференцијата во тек се панели посветени на повеќе теми, економијата и бизнис соработката, граѓанското општество и медиумите во регинот и во процесот на европската интеграција, панел посветен на патот до Европската Унија, градењето дијалог доверба преку дијалог, кои ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, По завршувањето на панелите во 13:30 часот е предвидена прес-конференција за медиумите.

На Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог присутни ќе бидат двајца претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, Македонија ќе биде домаќин на четири премиери од регионот – на Албанија, Еди Рама, на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, на Србија, Ана Брнабиќ и на Косово, Албин Курти, како и на осум министри за надворешни работи – од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија.

Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер, ќе бидат дел од Конференцијата, додека пак од ЕУ, ќе присуствуваат комесарот Јоханес Хан, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Анџелина Ајнхорст од Службата за надворешна и безбедносна политика, како и неколку пратеници од Европскиот Парламент. Од Франција како гости и учесници ќе бидат специјалниот пратеник на министерот, Жан-Ив Ле Дриан, сенаторот Алан Ришар, како и пратеникот Жак Мер.

Присутен ќе биде и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, како и значајни претставници од така наречената „Охридска група”. На највисоко можно ниво ќе бидат претставени и ОБСЕ и Советот на Европа, а тука се и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу, генералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и на Комитетот за демократии, Томас Гарет.

На економската и бизнис сесија домаќини беа Фатмир Битиќи-Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и Фатмир Бесими- Министерство за финансии на Р Македонија.

На Сесијата која се однесуваше на правата на жените и зајакнувањето на безбедноста на регионот преку интеграција на жените во безбедносните органи домаќин беше министерката за одбрана на Р Македонија , Радмила Шеќеринска министер за одбрана на Р Македонија.

На сесијaта за граѓанско општество и медиуми каде домаќин беше министерот за правда Бојан Мариќиќ

Конференцијата ја покриваат над 100 домашни и странски акредитирани новинари. Конференцијата се спроведува согласно сите здравствени протоколи во врска со ковид мерките.


Конференцијата е под покровителство на Владата на Република С Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This