April 20, 2024, 12:56 pm

(Видео+фото) РЕТКА ШАНСА: Ѕирнете во луксузниот дом на холивудската ѕвезда вреден 25 милиони долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мега популарната холивудска актерка Анџелина Џоли (44), додека се подготвуваше заедно со своите деца за лондонската премиера на продолжението на филмот „Господарица на злoтo“, на социјалните мрежи објави и кратко видео од нејзината луксузна вила која се наоѓа во Лос Анџелес.

Луксузниот дом вреден 25 милиони долари поседува 6 спални соби, 10 купатила, приватна библиотека, просторна дневна соба, кујна со трпезарија и двориште од неверојатни 21.000 илјади квадратни метри на кои се простира и самиот објект.

Освен раскошните градини со базен, имотот е украсен и со фонтани, тука е и помошната куќа во која се наоѓа теретана како и затворен базен.

Инаку, вилата е стара повеќе од 100 години.

Популарната актерка е позната како голем зaштитник на човековите, но и на животинските права, па во склад на тоа ги покажа и своите домашни миленичиња. Покрај кучето и зајачето, Џоли поседува и голем гуштер, кој што никако не можеше да не биде забележан.

https://www.instagram.com/p/B3ITM_znJbK/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This