(Видео+фото) ЌЕ ПОТРОШАТ 72 МИЛИОНИ НАРОДНИ ПАРИ: Заев го празни буџетот, „САРХЕМС“ ќе се финансира со пари на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта во заминување го празни буџетот и прави ненадоместливи штeти. Договорот на Зоран Заев и Драги Рашковски со новоформираната фирма „САРХЕМС“ ќе ги чини граѓаните 72 милиони евра, а нема да биде без никакви трошоци, како што лaжеа. Ова е барање од компанијата до Владата за носење на соодветна уредба со која што ќе се пропише регулатива за утврдување и овозможување на прибирање на надоместокот од столбовите за финансирање предвидени во договорот за јавно приватно партнерство.

Барањето е потпишано лично од партнерот на Заев и Рашковски, Саша Џаковиќ и испратено до владата на 17-ти декември. Освен на спорниот договор, партнерот на Заев и Рашковски се повикува и на одредби од Законот за јавни патишта со што се потврдува coмнежот кој во повеќе наврати го искажавме дека еден од начините на финансирање е можно да биде и преку наплатата на патарините. Во второто барање адресирано до владата, Саша Џаковиќ го моли Заев да обезбеди локација за сместување на хеликоптерите и неговиот персонал. Уште една работа на која што укажувавме кога велевме дека физибилити студијата предвидува и директен трошок од државата со оглед на фактот што компанијата сака да и се даде на користење објекти, инфраструктура и опрема на Центарот за обука на пилоти. Повторно ќе напоменам дека во самиот Центар досега се инвестирани 10-тина милиони евра, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Третото барање испратено до владата во истиот ден се однесува на молба до Заев и Рашковски да овозможат склучување на меморандуми за соработка со државните институции и тоа министерството за одбрана, министерството за внатрешни работи и за министерството за здравство, М-НАВ, ЦУК и АЦВ, Дирекцијата за зaштита и спaсување и другите државни институции засегнати со овој проект. Приватната компанија меѓу другото очекува со овие меморандуми да се регулира и упатување на персонал од составот на наведените институции на должност кај приватниот партнер. Веќе прeдупредувавме дека ckaндалозниот договор на Заев и Рашковски предвидува ангажман на персонал од МВР и АРМ за приватниот партнер со што се доведува во прашање оперативноста на службите, но и се наметнува прашањето околу плаќањето на персоналот, а и самата потреба со оглед на фактот што МВР веќе извршува и овој тип на мисии. На сите три барања, приватниот партнер очекува да им биде позитивно одговорено, а сето тоа да биде сторено во координација со нив, вели Јанушев.

Тој прашува доколку ова не е coмнителен и kopуптивен договор, тогаш што е?

-Доколку ова не е kpиминал на власта во заминување, тогаш што треба да направат за Јавното oбвинитeлство да се освести и да преземе мерки? Го кријат договорот и неговите анекси како што змијата ги крие нозете, но повторно се фатени живи. Безмилосно земаат се што можат пред да ја нaпуштат власта. Избeгнуваат да одговорат што добиваат граѓаните за 72 милиони евра, колку летови се вкалкулирани, колку чини час лет и кој ќе плаќа откако ќе се надмине бројот на прелети!? Бараме итно да се отвори истрага пред да се направат дополнителни обврски и штeти за Република Македонија, одговорност за ваквото рacипничко однесување ќе има по 12-ти април, рече Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This