(Видео)ХИСТЕРИЧЕН ИСПАД НА ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА ВО СОБРАНИЕ: Врескаш на цел глас на Комисиската расправа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кратко траеше расправата во Комисијата за труд и социјална политика, на која пратениците расправаа по предлог законот за зголемување на платите во јавниот сектор за 5% , а поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. По неколку минутната дебата, про и контра, дали треба да има зголемување на платите или не, се скараа пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Весна Пемова.

По жестоката расправата, дебатата по овој закон се прекина и ќе продолжи утре.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека економската состојба во земјава дозволува зголемување на платите од 5% од 2018 година. Пемова образложи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила добра економска база, капиталните инвестиции секоја година бележеле пораст, растеле и странските директни инвестиции, а се намалувала невработеноста. Од 2006-та година до сега просечната плата е зголемена за 67%, рече Пемова и праша доколку Владата на СДСМ не е подготвена за зголемување на платите од 5% како планира да достигне просечна плата од 30 илјади денари, кога таа сега изнесува 22 889 денари.

“Вие не се согласувате зголемување на платите од 5% да важи од 2018 година, а ветувате просечна плата од 30. 000 денари, за тоа да го постигнете треба секоја година од сега да растат платите во просек од 10%. Вие секогаш кога сте на власт фабриките се затвараат, а ние успеавме со одличниот економски тим, да привлечеме странски инвестиции, да отвориме нови работни места и да го подобриме стандардот на граѓаните“ изјави Весна Пемова, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

На ова се надоврза Лилјана Поповска, која изјави дека наместо да се расправа за законот, темата се насочила кон други области и дека во Буџетот за 2017 година немало предвидено зголемување на платите во јавниот сектор.

“Во претходниот Буџет кој вие сте го донеле нема предвидено покачување на платите од јавниот сектор, да сте сакале ќе сте ги покачеле. А ние од каде пари, еве се направи ребаланс и нема. Вие правите во водата дупка или планирате покрив на куќа, а немате темели“ изјави Лилјана Поповска, ДОМ.

Минатата недела на јавна расправа по основ на Законот за зголемување на платите, поддршка дадоа и претставници од синдикатите КСС и ССМ. Според нив има основа за овој предлог и само на овој начин власта ќе покаже волја за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Предлогот за закон за зголемување на платите во јавниот сектор, беше поднесен од страна на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнаа дека овој предлог е едно од многуте ветувања на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања и дека партијата има обврска како победник на изборите со најмногу добиени гласови од страна на граѓаните да се обидува на секој можен начин да ги исполнува своите ветувања.

Триумф на Божидар Димитров: Стојан Андов објави за себе си дека 82 години лажел, сега открил дека Самоил е цар на Бугарите, молк од Блаже Ристовски

Бугарските историчари слават победа, по слугувањето на македонските политичари кон Зоран Заев. Стојан Андов деновиве на возраст од 82 години во својата најнова колумна за Фокус објави ставови кои се идентични со оние на бугарскиот историчар и политичар Божидар Димитров.

Андов во својата колумна, скандалозно вели дека царот Самоил е цар на Бугарите.

 

-Нашата историографија досега дала голем придонес во докажувањето дека македонскиот народ постои и заслужува да има своја државата. Но, ако сакаме тие аргументи да бидат прифатени и од соседите и од светот, потребно е да не се служиме со своевидни фалсификати бидејќи во историјата постојат документи и тие во науката мора да бидат почитувани. А тоа значи, што се однесува до цар Самуил, тој навистина бил цар на Бугарите, а во негово време во бугарската држава спаѓала територијата на Македонија, пишува Андов.

Историчарот Блаже Ристовски кој во 2013-та година беше против договорот за добрососедство со Бугарија, сега молчи.

-Ништо не е спорно само што и тие бараат да не сме Македонци, да сме во минатото Бугари, да прифатиме дека имаме бугарски корен и дека сме се родиле денеска како нова творба, а тоа нема никаков корен. Заедничко ние имаме со сите соседи и со сите народи ние имаме заедничко и со Бугарија и со Грција, Србија и Албанија ние сме живееле на овие простори и тоа најдолго, прифаќањето на славењето на празникот Илинден заедно со Бугарите како што го поддржа Бучковски е непознавање на работите, јас како човек што целиот свој живот го посветив на проучување на развитокот на македонската историја и на македонската национална мисла пред се мислам дека тоа не е разумниот одоговор, истакна тогаш историчарот Блажо Ристовски.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This