April 19, 2024, 11:09 pm

(Видео)ХРВАТСКИОТ ПРАТЕНИК ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Можеше да се види целото лицемерие на Европската Унија – граѓаните рекоа „Не“ за насилната промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватскиот пратеник Иван Пернар, кого имавте можност да го гледате ексклузивно во емисијата „Без Цензура“ на Инфомакс, денес во хрватскиот парламент го искористи неговото право на збор за да го искоментира референумскиот процес во Македонија, но и лицемерието на Европската Унија


 

Како што вели Пернар, на референдумот во Македонија излегоа само 36% од гласачите, а дури 64% го бојкотираа референдумот, со тоа велејќи всушност не на насилната промена на името на земјата. Хрватскиот пратеник потсетува и на Каталонскиот референдум каде 42% од Каталонците излегоа на референдумот за независност, а 92% гласаа „За“ независност.

Но, како што вели Пернар тука може и да се види лицемерието на ЕУ. Кога не им одговараат резултатите, како што беше случај со Каталонија, каде исто така не беше исполнет цензусот тогаш за евробирократите тоа е неуспешен референдум. Но, во случајот со Македонија кога резултатите мораат да им одговараат, тогаш тие велат дека ова е „успешен“ референдум.

На овој начин вели Пернар се гледа цинизмот на ЕУ кога станува збор практицирањето на директна деморкатија. Имено, тој тврди дека ЕУ всушност не сака практицирање на директна демократија, не сака да го слушне гласот на народот, туку нивните политики, оние кои се во нивна лична корист се спроведуваат преку политичките елити, а референдумите и сите други облици на директна демократија се само привид.

Иван Пернар, имавте можност да го гледате на „Без Цензура“ на Инфомакс, а емисијата можете да ја погледнете и сега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This