April 25, 2024, 12:15 am

(Видео)ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА КОНГРЕСОТ: Не само што е подадена рака, широко е отворена и прегратката за секој добронамерник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред малку пристигна и Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, кој е единствен кандидат за нов претседател на партијата на вонредниот конгрес што одржува во Валандово.

Се очекува наскоро да пристигне и Никола Груевски. Досега во салата од поистакнатите функционери и членови на партијата присутни се Диме Спасов, Коце Трајановски, Спиро Ристовски, Даниела Рангелов…

ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре го одржуваат 16-тиот вонреден партиски конгрес во Валандово. Станува збор за вонреден конгрес на кој ќе се бира лидер на партијата, по оставката која што ја поднесе долгогодишниот претседател на партијата Никола Груевски. Од 17 часот до 19 часот ќе се изврши регистрација на делегати.

Додека од 19 часот ќе започне Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, при што ќе бидат избрани работните тела, потоа ќе следува интерна дискусија на која што секој делегат може да се пријави, да даде свое согледување за темите за коишто ќе се дебатира. Она што ќе е најинтересно за јавноста ќе се случува утре кога треба да биде избран новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски објасни дека „не само што е подадена раката, туку и прегратката е отворена“ за секој добронамерник во партијата, повторувајќи ги обединувачките пораки.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This