– Целокупниот свој имот, нејзиниот татко го стави како гаранција со нотарска изјава со проценител да се стави под хипотека и го има понудено на органите на суд, кажа сопругот.

За приведувањето на 28ноември вели дека се случило во 4ипол утрината и пред нејзините деца.

– На 28, 4ипол сабајле дојдоа еден куп луѓе, буквално влегоа во спалната пред децата и ја изнесоа Елена,вели нејзиниот сопруг.

Игор Божиновски сеуште се прашува до кога мерката притвор ќе биде казна а не мерка за обезбедување. Неговата сопруга која е единствената жена од 36мината притворени како осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на земјата вели дека не претставува закана за државата и дека верува во правдата и човечноста

– Луѓето мора да дознаат онаа правата вистина за Елена,вели Игор Божиновски.

извор: алфа.тв