April 26, 2024, 11:08 pm

(Видео)ЦЕЛИОТ ГОВОР НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА: Арсо Војвода и бил прадедо, татко и добил три ордени во Февруарскиот поход – нема алтернатива за името освен Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната партиска конвенција на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Струга, професорката Гордана Силјановска – Давкова беше избрана за кандидат за претседател на Македонија, помеѓу девет останати кандидати

Силјановска, по пребројувањето на гласовите од тајното гласање на партиските делегати, беше прогласена за убедлив победник на конвенцијата со 408 гласа, додека 80 доби пратеникот Влатко Ѓорчев. Останатите гласа ги добија деветмината останати кандидати, меѓу кои и Филип Петровски.

Професорката, во своето обраќање по изборот за кандидат за претседател на државата, изрази благодарност, истакнувајќи дека Македонија и има многу дадено, но сега е време и таа да и врати. Додаде дека е свесна дека во Македонија не може да се извојува изборна победа без голема политичка партија зад грб, а ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила.

Она што ме води во животот е потеклото. Во песната за Арсо Војвода ќе слушнете дека бил на гости кај Стојкота, тоа е мојот прадедо. Татко ми бил во партизани, излегол со три ордени, го поминал Февруарскиот поход, се борел не за Република Северна Македонија, за Македонија.

Таа не ја разбира логиката да го немаме правото за самоопределување, како и секоја нација. Смета дека ние своето право сме го оствариле на АСНОМ, Македонија е старица од 75 години.

-Замислите сега на 75 години некој да ви каже да си го промените името зошто целта ЕУ и НАТО е висока и да ве убедува притоа дека тоа не се однесува на вашиот идентитет – рече професорката

Таа ги отфрли овбинувањата дека е националист, објаснувајќи дека е родена во турска куќа, а од 10 години има албанско побратимство.

Силјановска, е една од најреномираните светски авторитети по Уставно право, експерт на ОН и Женевската група за заштита на човековите права и слободи.

Ова е нејзиниот говор.

 

Целиот говор на др.Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ!

Целиот говор на др.Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ!

Posted by infomax.mk on Saturday, February 16, 2019

-Сигурна сум дека мојот глас во овие две години допре до луѓе кои можеби никогаш не гласале на избори, биле аполитични, неутрални или до луѓе кои биле членови на некоја партија која е на власт, но сфатија дека има нешто посилно од партијата и од привилигиите дека тоа е Македонија. Ова е вистинскиот момент да се делигитимира власта која создаде хибриден режим во кој Македонија стана скандалозна земја – додаде професорката, која вели дека не верува дека секоја цел може да оправда секое средство. Само македонскиот народ заради Македонија може да биде највисоката цел.

Таа вели дека бојкот ќе значи само на сегашното место да седне Талат Џафери. Шанса да се смени уставот и претседателот да се бира во Собранието на Република Македонија, што е погубно за земјата – трите власти да и припаднат на една партија.

-Секоја реформа почнува од нас. Не можете да барате реформи од другите, ако не почнете од себе. Ние имаме закон за привилегии на претседател. Имам разбирање за привилегиите на семејството на Трајковски, но ќе ги замолам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги укинат законските привилегии за претседателот. Да се намали бројот на министерствата, срамота е сиромашна земја да има 27 министерски места, а Швајцарија да има 7. Парите ќе се пренасочат кон граѓаните.

Секако името беше неизбежен дел од нејзиниот говор.

Ќе формирам експертски тим на домашни и странски професори по меѓународно јавно право. Малите држави се повикуваат на правото, големите на силата. Да го отвориме прашањето за името на Република Македонија. Тоа не е затворено. Пред меѓународните судови и институции. Во секоја средба ќе укажувам дека не можам да се поделам на две личности. За мене владеењето на правото е врвната цел, ако сите народи имаат право на самоопределување, истото важи и за македонскиот народ и за Република Македонија.

Таа смета дека никој на Македонија не може да и каже како ќе се вика. Името не одбрало нас, а не ние името. Ние немаме алтернатива.

Заевизмот е ментална матрица – кажувам, заборавам, негирам. За жал од таа болест се инфекцираа многумина.

Вели не може да дозволи еден ден нејзините внуци да ја прашаат каде бевте, што правевте, зошто не негиравте.

– Секогаш кога ќе има проблем, а секој ден ги има, јас ќе побарам да се обратам до Собранието, не само до пратениците, туку до граѓаните. И кога ќе го користам ветото како одбрана на уставот, ќе барам да го образложам тоа. Ќе се држам до уставот и тоа ќе важи за сите партии, па и за ВМРО-ДПМНЕ.

Константин Миладинов пееше за Т`га за југ. За жал неговиот југ стана Север.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This