(Видео)ЧЕКАЈ НЕ ЕВРОПО, ДОАЃАМЕ: Центарци живеат како во 17-ти век – Саша, Петре јави се

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Додека јавноста се занимава со големите политички скандали како Рекет 1, Рекет 2 и недобивањето на датум за преговори со ЕУ жителите на општина Центар поточно тука во населбата Крњево 2 на улицата 164 живеат во 17-тиот век, вели уредникот на Инфомакс, Александар Митовски. 

Локацијата за која говори Митовски се наоѓа во централнот градско подрачје, а станува збор за разрушена куќа која според жителите се користи од наркозависниците и оние кои жаргонски наречено продаваат љубов.

Жителите на општината потенцираат дека ниту еден од досегашните градоначалници на општина Центар не сториле ништо за да го решат овој горлив проблем на жителите на населба Крњево 2.

-Меѓутоа овдека во овој дел на Центар, ние живееме во 17-ти век како што кажавте, немаме продавници, немаме  нормален водовод, водоводот е стар повеќе од 70 години, вели жителката на ова скопска населба.

Друг жител пак потенцираше дека три пати оваа стара куќа се пали, а сторителите ги пронаоѓаат  ги пуштаат и повторно ја палат куќата. Најверојатно имаат пријатели на високи позиции вели тој.

Првиот сосед на „куќата на стравот“ вели дека разговарал со претходниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски кој за конкретниот проблем му посочи дека ништо неможе да стори оти куќата е во приватна сопственост, ни тој не се согласува бидејќи граѓаните сметаат дека како локална самоуправа може да се донесе било каков правилник, акт или закон со кој ќе се санира состојбата.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This