March 29, 2024, 10:15 am

(Видео)ЧОВЕКОТ КОЈ МУ ГО ПРОДАЛ АВТОМОБИЛОТ, И МУ ГО УKPAЛ: Скопјанец останал без „Мерцедес“, откако продавачот со резервниот клуч му го украл од пред врата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопјанец останал без скапиот автомобил, откако човекот од кој го купил, полицаец од Прилеп, по неколку дена од продажбата отишол во Скопје и со резервниот клуч од автомобилот го украл

 

Адем Имери жител од населбата Чаир кој пред неколку месеци решил да купи кола. Понудувачот на бизнисот како што тврди Имери е полицаец од Прилеп кој се понудил да му продаде кола марка Мерцедес за сума од 17 илјади евра. Полицаецот според Имери имал и бугарско државјанство и решил договорот за купопродажба да го направат во Бугарија. Имери се согласил, таму потпишале договор му платил на продавачот и се вратиле назад во Македонија. По два дена откако Адем Имери станува сопственик на колата се случил грабежот – пренесува телевизија 24Вести.

Целиот случај како што тврди Имери станал поконтроверзен. Пријавил во МВР па се соочил со ОЈО. Разрешнива вели и по 7 месеци нема. Покрај тоа што платил 17 илјади евра за колата, човекот кој што ја земал колата со себе однел и 2 илјади евра, лична документација, негова, на синот и снаата, како и банкарска картичка. Имери тврди дека се до денеска останал како оштетен и заглавен во обидот да ја најде правдата – пренесуваат од телевизијата.

Извор
24Вести.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This