Италијански спасувачи извлекоа на површина жив златен ретривер кој девет дена бил под урнатини во близина на Аматриче, по земјотресот што го погоди централниот дел од Италија.
Пожарникари слушнале лаење на пес по име Ромео кој по извлекувањето од урнатините делувал избезумено, но по неколку чекори веќе мрдал со опашката.
Пожарникарите го пронашле песот додека со неговите сопственици пребарувале урнатини од нивната куќа во потрага по најосновни работи што можеле да се спасат. Во земјотресот од 24 август загинаа приближно 300 лица.