(Видео)Шведски политичар рaспали по ЕУ: Со миграцијата ја yништивте Европа, локалните жители завршуваат cилувани, тeпани, измачувaни, oбезглавени и бoмбардирани во име на исламот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Европскиот парламент, од редовите на шведските демократи, Чарли Вајмерс остро ја критикуваше имиграциската политика на ЕУ, нарекувајќи ја луда, и апелираше до тој блок да го заштити сопствениот народ во Европа.

За време на дебатата во Европскиот парламент за состојбата со мигрантите на надворешните граници на ЕУ, Чарли Вајмерс остро ги критикуваше последиците од мултикултурализмот.

Меѓу другото, тој ги информирал своите колеги во Европскиот парламент за злоупотребата во шведскиот град Солна што се случи летово и ги шокираше нордиските земји.

„Среде ноќ, на две момчиња од Шведска им се заканувале со нож. Двајца мигранти ги соблекле голи, ги мачеле и ги силувале со стап. Им било кажано дека ќе умрат“, рече Вајмерс.

„Вие се собирате тука да разговараме и да плачете за оние кои страдаат на границата. Но, каде е вашата емпатија кон оние кои стануваат жртви на безумната европска политика за масовна имиграција? Локалните граѓани беа силувани, тепани и измачувани. Невините беа обезглавени, бомбардирани и прободени во име на исламот“, рече Вајмерс.

Според него, имиграцијата во Европа создаде нова генерација деца во Шведска, која тој ја нарече плен, бидејќи мигрантите ги ограбуваат, злоупотребуваат, убиваат, силуваат и мачат.

„Кога ќе се вратите во вашите безбедни соседства и ќе се пофалите себеси за подобрувањето на хуманитарната состојба на границата, размислете малку за оние кои можеби ќе ја платат цената за вашата миграциска политика. Затоа што овие две момчиња не се сами. Тие се дел од шведската генерација која стана плен.„

Во обид да се спасат сите, овој собир нема да успее – и истовремено ќе ја уништите Европа“, нагласи тој.

„Либерали, дали сте чуле за мачените момчиња во Солна? Тие се дел од генерацијата на плен. Кога ќе се вратите дома во вашите безбедни области откако ќе работите да ја зголемите миграцијата, размислете за жртвите на вашата миграциска политика. Дали некогаш ќе ти простат?“, Објави Вајмерс на Твитер, додавајќи снимка од неговиот говор.

Двајцата тинејџери, за кои зборуваше Вајмерс, беа жртви на тортура што траеше девет часа. Тие биле тепани, силувани, запалени, сечени со нож и ограбени под закана за смрт.

За тоа дело, двајца мажи, на возраст од 18 и 21 година, беа осудени на пет и пол и девет години затвор.

Во 2019 година, Шведска пријавила 7.741 грабеж во полиција, што е највисоко во последните десет години.

Во последниве години, терминот „кражба на достоинството“ е измислен и користен во медиумите за да се однесува конкретно на злосторства што содржат и елементи на морална, физичка или сексуална тортура. Целокупниот пораст на криминалот ги натера властите да ја преиспитаат нивната практика да ја изостават националноста на сторителите од етички причини.

Шведскиот совет за спречување на криминал изјави дека во статистиката во иднина ќе ја вклучи етничката припадност и на сторителите и на нивните жртви.

https://twitter.com/weimers/status/1351523824928493568

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This