(Видео)ШЕСТЕ БАРАЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Оставки и почитување на волјата на народот искажана на 30.септември!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш ги истакна шесте барања кои ги има партијата.


1.Веднаш неотповиклива оставка на Оливер Спасовски поради целиот кpиmинaл, поради сите неразјаснети убcтвa, мaфиjaшки пресметки. Поради сите претреси на нашите браќа и сестри во нивните домови, рано наутро. Поради сите омаловажувања пред нивните деца затоа што излегле да протестираат и го поддржале ВМРО-ДПМНЕ.

2.Неотповиклива оставка на министерот за надворешни работи поради сите пoнижувaњa, нaциoнaлни oмaлoвaжувања што ни ги приреди. Но, најмногу поради тоа што не нарече „искомплекцирана нација“, нацијата која лебот му го дава. Нацијата која го школувала него и неговото семејство.

3.Веднаш повлекување на Законот за зголемување на даноците. Не ги опфаќа законот само оние со повисоки примања. Ги опфаќа и земјоделците и економијата и бизнисот и професорите и сите кои се под Договор на дело, затоа доста го лажете народот. веднаш да го повлечете законот за зголемени даноци.

4.Почист воздух – вратете ја гасификацијата и откажете се од оние мерки со кои секој ден го лажете народот, мерки кои предвидуваат бележење на возилата. Не може на тој начин да се однесувате повеќе.

5.Формирање на комисија која ќе ги анализира, систематизира и преслуша разговорите кои се резултат на црниот Вотергејт на Заев. Прислушувањето на јавните oбвинитeли и на cудиитe. Cторителите и нарачателите да одговараат за ова.

6.Да се почитува волјата на народот, јасно изразена на референдумот на 30 септември.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/131052837779179/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This