(Видео)ШЕЌЕРИНСКА НЕГИРА, НО ЕКСПЕРТИТЕ ТВРДАТ: Муницијат која се користи на Криволак е со осиромашен ураниум, онаква каква што користи авионот А-10!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на социјалните мрежи истражуваа какви авиони и муниција се користело при воената вежба на НАТО, со што се потврдија стравовите дека впрочем навистина била користена муниција со осиромашен ураниум.

Љубомир Чојлиски вели дека во вежбата бил употребен американскиот јуришен авион специјализиран за уништување тенкови А-10 кој навистина користи муниција со осиромашен ураниум. Тој вели дека авионот А-10 брзометен 7-цевен ротирачки топ 30мм GAU-8 кој користи поткалибарна муниција со осиромашен ураниум PGU-14/B API. Токму овој авион беше користен за време на нападот на Србија од страна на НАТО за уништување на српските армиски тенкови.

Чојлиски вели дека ,,Осиромашениот ураниум се користи поради големата специфична маса која испукана со голема брзина лесно ги пробива и најдебелите оклопи. Осиромашениот ураниум сам по себе не е опасен но при контактот со оклопот на метата се создава огромна температура и триење при што се создава облак од радиоактивна прашина која е крајно канцерогена.
При инвазијата врз Ирак 1991 г. голем број ирачки тенкови и оклопни возила беа уништени и многу американски војници умреа од рак само затоа што прошле покрај овие уништени тенкови.
При бомбардирањето на Босанските Срби 1995 г. и СР Југославија 1999 г. оваа муниција беше обилно користена. На Криволак ќе имаме облаци ваква радиоактивна канцерогена прашина при секоја вежба на НАТО авијацијата’’.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This