(Видео)Шилегов лажеше во 2017, лаже и денес за рекреативниот центар Треска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов во октомври 2017 година од СРЦ Сарај правеше пресови, организираше изборна кампања со настапи и посети заедно со наставници и професори од спортот и физичкото образование, ветувајќи со негови зборови враќање на сјајот на Сарај и заживување на спортските центри како Сарај, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Ќе го цитирам сега Петре Шилегов од октомври 2017-тата година од последната недела од изборната кампања за локални избори и вели -„Си дадовме збор, велеше Шилегов. Овој запуштен рекреативен центар го враќаме од заборавот! Ги ревитализираме, игралиштата, патеките, урбаната опрема и останатата опрема со цел да ги вратиме посетителите кои што во минатото ги имаше во огромен број. Просторот ќе го исполниме со содржини за деца и за млади, за спортисти и за одржување на разни фестивали од спортот и од културата. Ја ревитализираме можноста да преселиме некои од спортските институции, факултетот за физичка култура, или спортската академија, во рамките на овој комплекс, како би овозможиле баш оваа инфраструктура да биде од корист и на учениците и на наставниот процес, во тие институции“, и така натаму и така натаму, ветуваше Петре Шилегов во последната недела од изборната кампања во октомври 2017 година, од Сарај, додаде Стоилковски.

Денес, багери рушат во СРЦ Сарај, се најавува градба на некаков туристички развоен центар. Езерото е исушено, објектите и приколките се срамнети со земја, А Петре Шилегов нема поим за што станува збор.

Петре Шилегов, во интервју дадено на 23 јануари оваа година вели – „Владата уште во 2017 година одлучи тоа место да стане туристичка зона“. Од владата пак велат таквото барање се разгледува, а барањето од општина Сарај било поднесено кон крајот на 2020 година.

Е па почитувани, Шилегов мора да каже, кога лажел ако Владата во 2017 година донела решение за рушење на СРЦ тогаш Петре Шилегов свесно лажел во изборната кампања тогаш при посетите заедно со дел од политичките активисти или оној друг дел кој што го цитирав заедно со спортските работници! Ако пак не е така, тогаш лажеше во интервјуто дадено овој месец некаде околу 22-23 ако не се лажам! Или зборува онака како што ќе му дојде, без факти, вртејќи ги онака како што му одговара.

Шилегов кога е Сарај во прашање, да потсетам дозволи дивоградби, и се уште стојат платформите на Матка, а сега се правда и за СРЦ Треска, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Петре Шилегов мора да понесе одговорност за лажењата! На скопјани доста им е од празни зборови, потребна е работа, посочи Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This