Во следното видео ќе видите драг битка помеѓу еден од најбрзите сериски автомобили и еден од најбрзите сериски мотоцикли.
Ќе погледнете драг пресметка помеѓу BMW M760 и Ducati Panigale V4, која според мене има очекуван исход. Сепак, вреди да се погледне, па да ги видиме спецификациите на овие двајца борци:
BMW М760Li е еден од автомобилите со најдобро забрзување благодарение на неговиот 6.6-литарски V12 агрегат со моќност од неверојатни 609 коњски сили. Тоа му дава можност за забрзување од 0 до 100км/ч за само 3.2 секунди! Навистина импресивно, но дали е доволно за да се справи со Ducati Panigale V4?
Ducati Panigale V4 е опремен со 1.1-литарски мотор кој што има ДНК од оној што се користи во Мото ГП шампионатот и располага со неверојатна моќност од 214 коњски сили.
Па, да погледнеме каков ќе биде исходот од оваа драг битка: