(Видео)ШТО OДДABAЊЕ ДРЖАВНИ TAJНИ?: „Бoмбитe“ се нуделе како на пазар – Горан Митевски oдбил да ги земе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот директор на ДБК Горан Митевски за „Алфа“ изјави дека и нему му биле понудени „бомбите“, но тој не ги прифатил.

Алфа објавува дека „бомбите“ се нуделе како на пазар. Пред да завршат кај Зоран Верушевски и во СДСМ имало и други опции за достава,

Еден од тие таргети на Ѓорги Лазаревски сум бил и јас. По моето не прифаќање во тој период да ја преземам таа одговорност за непреземање на материјалите од УБК сигурно се сложил Зоран Верушевски и лично тој ги преземал материјалите од Ѓорги Лазаревски а потоа ги пренесувал во политичката партија СДСМ“ вели Митевски, поранешен директор на ДБК.

Тој вели дека не верува оти материјалите биле директно носени во СДСМ туку таму завршиле преку повеќе добавувачи меѓу кои биле Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски.

Се повеќе доаѓа време да се дознае како тие материјали биле снимени и што содржат а тоа го сфаќа и Верушевски затоа што сака да ја тргне својата одговорност односно да не биде соучесник во манипулацијата која што била направена од страна на Зоран Заев и врвот на СДСМ со објавување на дел од тие разговори а не во целост што дава сосема друга слика за суштината“ вели Митевски.

Митевски смета дека овие нови моменти се повеќе од доволни за да се спроведе нова истрага, но и да се побараат одговори и лично од премиерот Заев дали тој учествувал во модификацијата на прислушуваните разговори.

Освен исказот на Зоран Верушевски дека бомбите биле буквално сечени, лепени и монтирани покажаа и разговорите кои во целост ги објави Ел Чека а кои фрлија сосема нова димензија на повеќе случаи меѓу кои и убиството на Мартин Нешковски и Монструм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This