Новак Ѓоковиќ успеа да го освои петтиот трофеј на Вимблдон, откако славеше со 3-2 во сетови во финалето против Роџер Федерер, а по епското финале даде одговор на едно прашање поврзано за Македонија, пренесува 24Вести
Неодамна Ѓоковиќ доби покана да ја посети Македонија, а Ѓоковиќ кажа дека мора да го посети Охрид, пренесува 24Вести.
„Поздрав до Македонија, до Скопје. Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот, тој беше учесник на забавата кога пеевме. Ќе видиме како ќе биде, но можеби повторно ќе запееме некоја балада. Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не можам да кажам кога ќе дојдам. Сепак, сигурно ќе ја посетам Македонија затоа што морам да го видам Охрид“, порача славниот Ноле.
Одговорот на Србинот дека ќе дојде во Македонија може да го погледнете на 16.30 од видеото.