(Видео)ЈАКИМОВСКИ И МИСАЛЈОВСКИ ПОРАЧУВААТ: Заев е гoтoв, граѓаните се на нозе против нeпpaвдитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По завршувањето на протестниот марш против неправдите на власта на Заев организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ изјава за Инфомакс дадоа претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

 

И двајцата изразија задоволство од успешниот протест и ја потенцираа масовноста, односно голема бројката на граѓани која е незадоволна од политиките на власта во правосудството.

Јакимовски истакна дека после протестот е најважно каков ефект ќе има истиот имајќи ги во предвид трите барања на ВМРО-ДПМНЕ од кое клучно е барањето за истрага за Заев за злоупотреба на својата позиција како премиер.

Мисајловски видно задоволен од протестот потенцираше дека Зоран Заев е готов, останауваат само 50-тина дена. Тој ги повика сите граѓани на Република Македонија да и се приклучат на опозицијата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта пред неколку дена протестираше против самата себе,  имавме ситуација каде Зоран Заев беше претседател на телото за реформи во правосудството, вели тој.

Јакимовски вели дека опозицијата за разлика од СДСМ не носеше автобуси. Граѓаните, вели тој не може да почувствуваат дека Македонија оди напред и тоа е причината за незадоволството.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/225879998445810/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This