March 28, 2024, 10:05 am

(Видео)ЈАНИ МАКРАДУЛИ СО НАВРЕДИ ДО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР: „Не лупетај“ и порача министерот Макрадули на претставничката на „О2 Иницијатива“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, обвини активистка од О2 иницијативата дека ја манипулира јавноста со информации за тоа колку мерни станици на Министерството не се во функција. Во гостување во денешната емисија „Стадион на Канал 77“ тој и рече на претставничката на О2, Ели Пешева, дека не треба, како што се изрази, да лупета, и дека треба да кажува точни мислења.

Заменик министерот Макрадули во денешната емисија „Стадион на Канал 77“ изјави „Во една станица има пет инструменти. Во овој момент не работат во три станици од кои што има пет инструменти внатре, по еден инструмент внатре од тие трите” и продолжи кон претставничката на О2, Ели Пешева на темата колку од мерните инструменти не работат „Ама не е тоа добро, ај ќе си лупнеме нешто и ај добро де и да не е така. Ај пак ќе си кажеме и да не е така.”

Господине Макрадули, вие толку многу пати сте си лупнале, да нè терате да извадиме сè што се кажале до сега, а е докумнетирано за да ви докажеме што сè имате лупнато и тоа само за време на вашата функција како заменик министер за животна средина.

Но, сега ќе се задржиме токму на денешново ваше лупање, ин флагранти, за што парадоксално ја нападнавте претставничката од О2.

Велите во една станица има 5 инструменти. Не е точно.
Една станица може да има 7 инструменти, за да ги мери O3, NO2, SO2, CO, PM10, PM2.5 и BTX.
Во Скопје такви 7 има поставено во мерните станици Центар и Карпош.
Гази Баба има само 4 инструменти, за NO2, SO2, CO и PM10.
Лисиче 5, за O3, NO2, SO2, CO и PM10.
Ректорат 5, за O3, NO2, CO, PM10 и BTX.
Мобилната станица Бутел 6, за O3, NO2, SO2, CO, PM10 и PM2.5.

Што значи лупате, а самите кажавте дека не е тоа добро, ај ќе си лупнеме нешто и ај добро де и да не е така.

Потоа велите во овој момент не работат од 18 во три станици, кои имаат по 5 инструменти внатре, по еден инструмент внатре.

Утврдивме дека лупате дека во секоја станица има по 5 инструменти.
Да видиме сега колку е точно тоа дека во три станици не работи по еден инструмент само. Само Скопје ќе го земеме за пример повторно.

За мерењата на BTX не знаеме дали се одвиваат или не, каде работат, каде не, зошто тие информации не ги направивте транспарентни, иако ви беше тоа побарано уште минатата година во септември.

Во Центар од останатите 6 инструменти, 4 не работат и тоа за NO2 (повеќе од 2 години), SO2 (повеќе од 3 години), CO (повеќе од 3 години) и озон (од јули годинава). Таа станица мери само PM10 и PM2.5.
Во Карпош, од останатите 6 инструменти, без BTX, 3 не работат и тоа за CO (повеќе од година дена), SO2 (од август) и озон (од ноември годинава).
Во Гази Баба, од 4 инструменти, не работат 2 и тоа за PM10 (од август) и NO2 (од септември). Работат само 2 инструмента, за SO2 и CO.
Во Лисиче, од 5 инструменти, не работи 1, за PM10 (од октомври).
Во Ректорат, од останатите 4 инструменти, без BTX, не работи 1 и тоа за NO2 (од август).
Само во новата мобилна станица Бутел, поставена во март годинава, од 6 инструменти, 6 работат.

Да заклучиме, од она за што имаме достапни јавни податоци, во моментов 11 инструменти само во Скопје не работат, на 5 од вкупно 6 мерни станици.
Сè што кажавте за мерните станици и инструменти лупнавте. Нели не е добро, ај ќе си лупнеме нешто и ај добро де и да не е така? Ова вашево му доаѓа мега лупање.

За во иднина, пред некому да кажете дека лупа, проверете што вие самите кажувате прво. Зошто неточни работи сте кажале еден куп до сега.

И за крај, граѓанските активисти се волонтери, а не професионалци, па може да се случи некаде и да згрешат, ама на заменик министер не смее да му се случи вака да греши и тоа да се повторува. За воља на вистината, излегуваме со многу поточни и поконкретни податоци од вас, пишуваат од „О2 иницијатива“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This