(Видео)ЈУНКЕР ГНЕВЕН:Трамп да престане да ја поткопува ЕУ или ќе се залагам за независност на Охајо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер побара од американскиот претседател Доналд Трамп повеќе да не го поддржува излегувањето на земји од Европската Унија или ќе возврати со иста мера.

„Ако продолжи така ќе се залагам за независност на Охајо, или на Остин во Тексас“, кажа Јункер на конференцијата на Европската народна партија (ЕПП).

Јункер кажа дека го иритира тоа што Трамп е „среќен поради брегзитот“ и што бара од други членки на ЕУ да го направат истото.

Трамп во неколку наврати го коментираше излегувањето на Британија од ЕУ, популарно познато како „брегзит“. Еден ден по референдумот, тогаш републиканскиот кандидат на американските претседателски избори од Шкотска порача дека победата на брегзитот е „голема работа“ за Британците, бидејќи граѓаните на „Велика Британија си ја вратиле државата“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This