(ВИДЕО) АВТОМОБИЛОТ ШТО ВОЗИ НА СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА: Наскоро влегува во продажба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две години по првите најави и околу шест месеци по премиерата, холандската компанија Lightyear на годинашното издание на саемот CES го донесе својот футуристички модел и остави јавноста да пресуди за неговата иднина.

Она што го прави посебен моделот Lightyear One се соларните панели на покривот на автомобилот кои зафаќаат површина од околу 5 квадратни метри. На сончев ден може да акумулираат енергија за возење до 70 километри.

Звучи одлично, а дел од заслугата треба да се припише и на одличната аеродинамика на автомобилот со 0,20 коефициент на отпор на воздухот.

Овој автомобил не наликува на другите соларни автомобили што сме ги виделе досега. Нуди целосна удобност и легално може да се вози на улици и патишта.

Го придвижуваат четири електромотори сместени во тркалата, а благодарение на батериите со капацитет од 60 kWh нуди досег од неверојатни 725 километри. Компатибилноста со брзите полначи значи досег од 570 километри за еден час полнење.

Перформансите не се во прв план за овој електричен автомобил, па забрзувањето од 0 до 100 км/ч е за 10 секунди.

И секако, стигнавме до цената. Lightyear One ќе се појави во продажба на европските пазари во 2021 година, со почетна цена од 119.000 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This