(ВИДЕО) АВТОНОМЕН ВОЗ БЕЗ ШИНИ: По едногодишно тестирање Кина ги вклучи новите возoви во системот на јавниот превоз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По едногодишно тестирање Кина ги вклучи новите возови во системот на јавниот превоз.

Во Сичуан е почната првата комерцијална линија на нов тип автономни возови кои возат на виртуелни шини, Yibin ART T1, тестирани во текот на една година.

Возот, кој може слободно да се нарече модерен тролејбус, користи мрежа од сензори кои му овозможуваат автономно движење по зададена рута на виртуелна пруга, но поради постоечките сообраќајни прописи зад управувачот ќе мора да седи човек.

Тој нема да вози, туку исклучиво ќе го надгледува возењето.

Системот на автономно возење користи LIDAR и GPS на сличен начин како што тоа го прават и автономните автомобили за движење низ улиците. Во текот на тестирањето возот се движел со брзина од само 16 километри на час, па може да се нарече бавен автономен трамвај.

Кинеската компанија CRRC Corporation Limited, која го произведува возот, верува дека дневно ќе превезува околу 10.000 патници или по 300 луѓе во секое возење.

Првата линија ќе се движи низ центарот на Сичуан, а се проценува дека трошоците за изградба и имплементација на новите возови изнесува околу 150 милиони долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This