(Видео) Агатангел: Македонија e cвeтa зeмja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната емисија “Неделен Брифинг” во Инфомакс со Сотир Костов, Митрополит Агатангел во однос на Македонија, коментираше дека ова е света земја, да не беше света, немаше да постои досега.

– “Македонија е света земја. Јас сериозно зборувам, ако не била света земја, немаше да постои досега. И на такви маки, и на такви страдања, на такви понижувања, толку ропства, едно, друго, трето, четврто ропство, па ти само земи ги децана бегалци, кога тие ти кажуваат кожа да ти се наежи, коса да ти се крене во вис… какви маки, какви страдања, па и тие што останале во селата и градовите, да не смееш да прозбориш македонски јазик.. под прозор да те слушаат што збориш… Па тоа не е ни мака, не е ни тортура.. Тоа е една психичка војна која може до лудило да те донесе”.

– “Човек да си каже подобро да ме убијат физички отколку психички да ме убијат, но тоа сме го издржале и сега кога треба да се радуваш во она парченце мало што останало и да речеш “фала ти Господи”, еве имаме нешто наше македонско.. собрание, парламент, црква, народ, убаво живееме.. и ние сега се смееме да не смееш да кажеш дека си Македонец..” – коментираше Митрополит Агатангел.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This