(Видео) Агендата на Заев за pазнeбитување на сѐ што е македонски го зacили македонизмот како никогаш до сега, невозможно е да се yништи македонската култура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс, Велика Стојкова Серафимовска, зборувајќи за образовните реформи, нагласи дека агендата која ја тера министерката Царовска е агендата на владата на Заев, а тоа е агендата за разебитување на сѐ што е македонско.

„Агендата на Мила, е всушност агендата на премиерот Зaев за разнебитување на сѐ што е македонско па дури и физичка продажба на државата. Така да оваа агенда што Мила ја следи, е агендата на Зоран Заев“, изјави Стојкова Серафимовска

Таа го спомна и бришењето на зборовите од Толковникот, нарекувајќи го чинот сквернавење на јазикот.

„Тоа е против сите светски правила. Вие имате речник, имате толковник. Нека биде најгрдиот збор, и најнавредливиот, мора да го има во толковникот за да децата учат дека тој збор не е добар. Значи со објаснување. Ако ние го немаме тој збор во речникот за да знаеме што значи, ние ќе си го користиме. Џабе им е оваа агенда.
Не може нешто со векови што се создавало да се избрише ниту со агенда на Заев, ниту на Димитров, ниту на никој. Невозможно е да го уништат македонскиот ген, македонскиот јазик. Не може да се уништи македонската култура и не може, она што е најважно, да се уништи колективната меморија. Колку год да сакаат да ги сменат учебниците по историја, или да ги укинат, ние имаме колективна меморија која никој не може да ни ја одземе или уништи. За среќа наша, имаме доволно силни стари стабилни и стамени корени што ниту една реформа нема тоа да го уништи, само ќе го разлути народот. Оваа агенда го засили македонизмот како никогаш до сега, бидејќи многу луѓе станаа свесни што се случува“, вели Стојкова Серафимовска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This