(Видео) Адријано Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот албански пејач Адријан Гаџа реши да си ја проба среќата во угостителството. Имено станува збор за елитен ресторан, ново урбано место во Скопје, чиј сопственик ќе биде токму тој, објави 1ТВ.

Иако се уште е во градба Гаџа ветува дека локалот ќе се отвори наскоро.

Пејачот за 1тв откри дека не сакал предвреме за јавноста да открива дека отвора ресторан, и дека сакал да ги изненади скопјани. Тој вели дека се уште не се знае точната сума на пари која ќе биде потребна за отворање на овој трговски центар, каде тој го има најголемиот простор, и решил да отвори елитен Ланџ бар. За името вели дека се уште не може да каже како ќе се вика местотот, бидејќи има повеќе на ум, и дека ќе остави на крајот кога се ќе биде речиси готово тогаш да се одлучи за името.

Јас сум пораснал со угостителство. Имавме ресторан многу познат, фактички два имавме, кои ги држеа моите родители и пораснат сум и со градење на ресторан но и долги години сум миел чаши, сум служел, така ми помина основното училиште, не само со музика и учење, вели Гаџа за 1ТВ.

Гаџа открива дека се планира локалот да биде отворен во јули, како што вели во најтоплиот период, и како што вели се труди ресторанот да биде 3 во едно, односно кафитерија, ресторан и слаткарница.

Погледете го просторот на новиот ресторан:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This