(Видео) АКАДЕМИК ОД РУСИЈА ЗА ВУХАН ВИРУСОТ: Болеста е прилично опасна, ако не преземеме нешто, ќе дојде до глобална епидемија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Глобалната епидемија предизвикана од новиот коронавирус е можна ако бројот на заболени продолжи да расте во геометриска прогресија наредниот месец, рекол претседателот на Руската академија на науки, професор Александар Сергејев.

“Болеста е прилично опасна, расте бројот на заболени. Коефициентот на геометриска прогресија, која сега се забележува во Кина, покажува дека, ако таквата ситуација продолжи и во наредниот месец, ќе дојде до глобална епидемија. Поради тоа сега е потребно да се преземат мерки за да се сопре ширењето на коронавирусот”, рекол Сергејев.

Според неговите зборови, Руската служба за фитосанитарен надзор ја следи ситуацијата во Русија.

“Роспотребнадзор подготвува вакцина за пуштање во употреба”, нагласил Сергејев.

Загрижувачки прогнози на американските и британските научници
Американските и британските научници ги објавиле своите стручни проценки за опасноста од ширењето на новиот корона вирус 2019-nCoV од Кина, а нивниот труд бил објавен на порталот “medRxiv.org”.

Научниците од Универзитетот во Ланкастер, Универзитетот во Глазгов и Универзитетот на Флорида, дошле до заклучок дека базната репродуктивна зачестеност на инфекцијата, односно просечниот број на секундарни инфекции, изнесува од 3.6 до 4.

За споредба, репродуктивната зачестеност на инфекцијата кај грипот изнесува од 2 до 3. Во секој случај, покрај високата стапка на смртност која е забележана кај новиот корона вирус, ваквите заклучоци звучат многу загрижувачки, истакнуваат научниците.

Доколку мерките кои се преземени во борбата против епидемијата останат на сегашното ниво, до 4-ти февруари 2020-та година бројот на заразени во Вухан би можел да надмине 190.000 луѓе, сметаат авторите на истражувањето. Тие истакнуваат дека во тој случај епидемијата може да ги погоди и Шангај, Пекинг, Ченгду, Чунгкинг, Гуанџу. Зоната на ризик опфаќа и земји како Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја.

Скептично кон карантинот во Вухан
Научниците истакнуваат дека мерките за контрола може да спречат до 75 проценти случаи на ширење на заразната болест. Меѓутоа, скептични за одлуката да се изолира градот Вухан, каде моментално состојбата е најлоша. Според нивното мислење, воведување на карантин во Вухан ќе го намали бројот на заболени во другите области во Кина за само 24,9 проценти.

Авторите на истражувањето предупредуваат дека нивните заклучоци се прелиминарни и дека, пред се, се засновани на претпоставки од нивниот модел.

Подоцна главниот автор на трудот Џонатан Рид, на Твитер објавил дека реалните вредности на репродуктивното ширење на новиот корона вирус се движат од 2,4 до 2,6, што се поклопува со горната граница од проценката на Светската здравствена организација.

Кинеските власти на 31-ви декември 2019-та година ја известиле Светската здравствена организација за епидемијата на воспаление на бели дробови во Вухан, кој се наоѓа во централниот дел на земјата.

Експертите утврдиле дека причинител на пневмонијата е корона вирусот 2019-nCoV. На територија на Кина досега умреле 81 лице, а повеќе од 2.744 лица се заразени.

Шефицата на “Роспотребнадзор”, Ана Попова соопштила дека 80 проценти од заболените се лица постари од 60 години, додека само две деца помлади од 15 години се погодени од новиот вирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This