(Видео) АКО НЕМАЛО ВО ЈУНИ ЌЕ ИМАЛО ВО СЕПТЕМВРИ: И Ахмети призна дека нема датум за преговори со ЕУ во јуни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спласна оптимизмот кај владејачката коалиција дека Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија. За лидерот на ДУИ, Али Ахмети важно било земјава да добие зелено светло од Брисел, без разлика дали позитивниот сигнал ќе дојдел во јуни или подоцна, пренесува Алфа.

„Ако не се случи во јуни, секако да речеме ќе се случи во септември“, вели Ахмети.

Дека земјава е се подалеку од влез во Унијата потврда е и најновата нацрт – стратегија на Европскиот парламент во која нема ниту „П“ од очекуваното проширување. Напротив, европарламентарците се насочени кон други приоритети, како што се климатските промени, демографијата и урбанизацијата. За ова алармираше и пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој на социјалните мрежи пиша дека овој документ бил подготвен лично од претставници на Европскиот Парламент, Комисијата и Службата за надворешни работи.

„Затоа, почитувани колеги политичари, не барајте anti-EU & anti-Enlargement причини внатре во Македонија, Србија, Босна, Црна Гора, Албанија или Косово, туку барајте ги внатре во Брисел и уште 3-4 влијателни земји членки!“, пиша Милошоски.

Владиниот оптимизам, пред десетина дена, го урна лично еврокомесарот Јоханес Хан. Тој пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент изјави дека Европската комисија најверојатно ќе препорача подготвителна фаза на преговорите, а не преговори како што било случај со сите други земји кандидати досег. Овој процес, според Брисел, би траел подолго од 10 години.

Дека земјава не е подготвена за влез во Унијата потврдија и од центарот за европски стратегии Евротинк – оттаму алармираа дека не биле формирани ниту преговарачката структура, ниту работните групи кои требаше да бидат готови пред шест месеци.

Од друга страна, проблем за европскиот напредок на Македонија има и во самата Европска Унија, особено колебањето на Франција и на Холандија по прашањето за проширувањето. Од Хаг и Париз бараат јасни резултати, посебно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, но и напредок во другите области.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This