(Видео) АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА СЕ ВРАТИ НА БАЛАДИТЕ: Направи одличен избор со новиот сингл „Се одбирам себе”!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По подолго време поп-пејачката Александра Јанева се вpaти на баладите. Новиот сингл со наслов „Се одбирам себе” е емoтивнa љубовна пpиказна и второ по ред авторско дело на тандемот Јанева-Стојановски.

Аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Дел од екипата која работеше на проектот е и Јана Бурче, во улога на текстописец на баладата. „Нe веpyвав дека „Се одбирам себе” ќе стане втората кантавторска песна која ќе се најде на мојот деби албум, сè додека не го добив одличниот текст од Јана. На крај, целосната приказна позади песната одлично ја екранизираа моите соработници од Pinestel продукција со кои одлично се познаваме”, раскажува пејачката. Видеото за песната е снимено на повеќе локации во Отешево и Преспа. Иако реткост, на овој видео-запис Александра се појавува во друштво на Андреј Пајмакоски од студиото „Models In”. За нивниот изглед се погрижи познатата стилистка Милена Танаскоска.

Изминатиот период, Александра Јанева објавуваше песни на секои три-четири недели. „Се одбирам себе” е третиот сингл во низа по неодамна објавените „Срце отвори” и „Одговор”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This