April 25, 2024, 10:29 am

(Видео) Ангелов за Инфомакс: Хеликоптерот на ЦУК гасел пожар во Старо Нагоричане, а канадерите не се во функција веќе две години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екпата на Инфомакс во моментов се наоѓа во кочанско Тркање. Пожарот, според мештаните, се чини дека е локализиран. Гори над неколку локации над селото се уште гори.

Новинарот Милош Милшевски разговараше со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој за Инфомакс изјави дека еден од хеликоптерите на ЦУК кој што е во функција, гасел пожар во Старо Негоричано во моментот кога се случил пожарот во Кочани.

Во пожарот во Старо Негоричане биле во опасност и неколку лица.

Во однос на авионите, Ангелов за Инфомакс изјави дека канадерите веќе две години не се во функција и тој и да сакал не можел да ги испрати.

Според неофицијалните информации до кои ги доби Инфомакс, бил контактиран и претседателот Пендаровски којшто го прескокнал официјалните канали според кои војската може да се употреби само во кризна состојба и дал директна наредба на војската да помогне при локализирањето на пожарот. На терен се голем број на припадници на Армијата кои учествуваат во гаснењето на пожарот.

Пред малку во Кочани пристигна и премиерот Заев, присутен е и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, а во Кочани е и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This