(Видео) Aнгeлoв: Гpyби имa плaкeтa oд „Tигpитe“ јac нeмaм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на партијата Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ ги коментираше последните случувања околу прославата на 40 годишнината од посетоењето на специјалниот полициски одред „Тигри“.

Тој најде низа забелешки околу прославата, пред се фокусирајќи се на фактот дека не биле поканети сите припадници на единицата од основањето до денес.

-Да бев јас командант на „Тигрите“ ќе ги викнев сите припадници на „Тиргрите“ кои што се живи. Од првиот кој што бил 1981 година до последниот. Па имало Ковид, тие се специјалци иако некој од нив се остарени ќе ги распоредев на стадионот во кордони, ќе им дадев на сите маски ама ќе ги испочитував сите до еден. Да бев јас командант јас ќе ги повикав сите припадници кои што работеле во единицата за специјални задачи, од прв до последен. Не само старешините. Сите тие се заслужни. Кога јас зборував за биди тигар, јас бев на врвот на хиерархијата, да не беше мојот командант генералот Здравковски јас тоа немаше да го направам.

Тој напомена дека се наоѓаме во можне иронична ситуација каде Ангелов како поранешен генерал и припадник на единицата нема плакета од „Тигрите“, но затоа Артан Груби има ваква плакета благодарница.

-Погрешно е и што Пендаровски не беше поканет, јас мислам дека тоа е грешка на ПР-от на единицата. Ние сегаме имаме ситуација каде што Артан Груби има плакета од Тигрите јас нема, вели Ангелов.

„Тешки Муабети“ – Епизода 23, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 23, Сезона 1Домаќини:Љупчо Палевски – ПалчоМилош Милошевски

Posted by infomax.mk on Sunday, March 14, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This