Владата на Зоран Заев и СДСМ е тотално изгубена. Ветото за почеток на преговорите ја извади на виделина целата нивната неспособност и во сегментот на надворешната политика.
Министерот Никола Димитров, еден од најодговорните заедно со Заев за ќор сокакот во кој се наоѓа Македонија денес говори за алтернативни решенија за европеизација на Македонија, а само до пред еден месец говореше дека нема никаква друга алтернатива за државата. Впрочем сите тие договори, отстапки од националните интереси ги правеа во име на Европската Унија, а сега говорат за план Б. Но кој е тој план Б? Има ли пилот во владата? Зошто Македонија менуваше уставно име и дали го смени само за да добие уште едно ново вето?
И Заев и Димитров и функционерите на СДСМ сега глумат изненаденост, велат, ако знаеле за ветото немало ни договорот да го поддржат. Нека не глумат невини.
Целата јавност им говореше дека договорите се штетни и не гарантираат европска иднина, ама тие на сила и со арогантност ги спроведуваат. Затоа и ги прашуваме ако сега имаме вето и ако власта на СДСМ се свесни дека погрешиле, што ќе направат со договорите? Европската иднина се гради со реформи, а не со пазарџиско лажење и лажни ветувања.
Реформите кои ги ветуваа и уште ги ветуваат не направија ништо, ама баш ништо да ги реализираат изминатите три години. Плановите, 3-6-9, 12 станаа три година а се уште не се реализираа. Напротив изминатите три години Македонија назадуваше. Станавме најкорупмирана држава во Европа, а Заев стана синоним за корумпиран политичар. Ваквата состојба Бугарија вешто ја користи и ги наметнува своите негаторски и нерационални барања. Да имаше Македонија Влада со европски вредности, а не корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи.
За жал тоа го знаат и Бугарите. Знаат дека има корумпирана влада,вВлада и Премиер кои за пари се подготвени да сторат се.
Концесиите кои се давани од страна на Заев и уцените од страна на бугарската страна која што сега ја испорачуваат фактурата одат рака под рака. Затоа Заев сега молчи и се крие. Молчи пред навредите на Каракачанов, молчи пред негаторските и навредливи изјави од страна на Каракачанов и бугарската страна кон Македонија и македонскиот народ.
Еве прашуваме уште еднаш, зошто не реагира и не ги демантира Владата сите овие изјави?
Зоран Заев е политичр заглавен во својата пазарџиска и коцкарска позиција во која на маса ја стави иднината на државата, народот и идентитетот. Излезот од ова е само оставки од Заев и Димитров, Шеќеринска и формирање влада на национален спас.
Поразена е нивната патлиџан дипломатија, разоткриена е нивната неспособност. Тие се камен околу вратот на Македонија и колку побрзо заминат, толку подобро за Македонија.
Прашање: Кампањата во Штип е почната дали сметате дека протоколите нема да помогнат и дали в.д. градоначалник ќе беше подобра опција до октомври 2021 година?
Одговор: Она кое што можам да го потенцирам, и секојдневно го потенцирам како ВМРО-ДПМНЕ е дека сите оние луѓе кои што ќе бидат заразени или не дај Боже починати наредниот период во Штип ќе ги носи на совест и СДСМ и кандидатот за градоначалник во општина Штип Сашко Николов, кој што е доктор заедно со Зоран Заев ќе ги носат на совест, а местото на Сашко Николов не е во моментов да тера кампања за градоначалник, туку местото на Сашко Николов е во клиника, во болница да ги лечи луѓето и да се справува со оваа корона пандемија.
Да не беше толку голема арогантноста на СДСМ, на Зоран Заев да беа малку порационални и да не се однесуваа шизофрено како што тоа го прават во моментот ќе беше поинаква ситуацијата. Во моментот, бидејќи ароганцијата е преголема отворени се сите опции буквално кои што значат за подобро справување со пандемијата, односно заштита на здравјето на граѓаните. Но, нормално треба да се види во законски рамки дали е изводливо или не е изводливо и како изводливо да се реши целата ситуација да граѓаните бидат заштитени со нивното здравје, односно да нема повеќе жртви од овие избори кои што во моментот се спроведуваат на нерационален начин во моментот. Но, како што реков за тоа е потребна политичка и пред се човечка волја од страна на СДСМ која што во моментот ја нема и единствено им е поважна фотелјата отколку здравјето на граѓаните.