(Видео) Ахмети му порача на Заев: Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција. Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Изборни дебати. Според него, другите не сакаат да ја пратат ДУИ во опозиција но сакаат да ги пратат Албанците во опозиција.

„Не е прашањето ДУИ да се испрати во опозиција, бараат Албанците да ги пратат во опозиција, се уште мислат дека Албанците се дрвосечаци, се уште ги гледаат Албанците како собирачи на отпад а не на врвот на власта со која раководат успешно 18 години“, истакна Али Ахмети.

Изјавата за размена на пратеници на лидерот на СДСМ Зоран Заев со Христијан Мицкоски само и само за да не се прифатат условите на ДУИ за премиер Албанец, Али Ахмети ја смета за опaсна и како потпалување оган.

Ф.А.: Ќе имаме две партии од македонскиот блок кои ќе си дадат пратеници една на друга за да формираат влада.

А.А.: И тоа не може да се случи да си дадат едни на други. Тоа не може да се случи бидејќи тоа би значело уништување на хегемонизмот.

Ф.А.: Велите дека е нелегитимно ако ВМРО и СДСМ си разменат пратеници.

А.А.: Не легитимно туку опaсно, тоа значи палење оган.

Ахмети во меѓувреме рече дека доколку македонскиот кампус се обедини тогаш блокот албански партии ќе се обедини. Во врска со барањето на медиумите за јавна дебата со лидерите на албанските политички партии, Ахмети рече дека тоа може да се случи тогаш кога албанската опозиција ќе избере свој претставник. За дебатата меѓу кандидатите за премиер, Ахмети смета дека Мицкоски и Заев немаат капацитет да се соочат со албанскиот кандидат за премиер, Насер Зибери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This