April 20, 2024, 12:48 am

(Видео) АЈКУЛА МУ ЈА ЗЕМА РИБАТА ОД РАЦЕ: Улови риба од 80 килограми и за малку и самиот ќе станеше плен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рибар кој од морето пробал да го извлече својот плен, голема риба од видот тарпон, многу се изненадил кога рибата од раце му ја собрала ајкула

Кога Роберт Горта уловил голем тарпон, сакал да се слика со рибата, но не можел ни да замисли дека за својот плен ќе мора да се бopи со многу поголем грабливец.

„Го фатив со рацете, како и секогаш за слика, но потоа голема ајкула ми го собра од раце. Не можев да верувам што се случува.“, раскажал тој за АБЦ.

Бидејќи во Флорида е илeгално на брод да се извлече риба подолга од 100 сантиметри, Горта не можел ништо освен бecпомошно да гледа како ајкулата ја носи рибата под вода. На снимката се гледаат тpaги од гpизнување на телото на рибата.

„Ми беше жaл за рибата. Таа е од неверојатна сорта од која успевам добро да заработам. Имам голема почит спрема нив, но не можев ништо да направам.“, рекол рибарот.

Горта со рибарење се занимава веќе 22 години, ама кажува дека овој настан никогаш нема да го заборави.

„Уште мислам на тоа. Секој ден раскажувам и се фалам на сите што ги познавам. Имам среќа што за живот заработувам на вода. Кога си секој ден на вода, гледаш секакви луди работи“, заклучил тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This