March 28, 2024, 11:45 am

(Видео) Аepoдpoмoт во Кабул по зaминyвaњeто на Американците e цeлocнo вo paцeтe нa тaлибaнцитe – eвe кaкo изглeдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку часа откако последниот американски авион го напушти Кабул, со што заврши долготрајната војна во Авганистан, талибанците го преземаа кабулскиот аеродром.

Аеродромот кој со денови служеше за евакуација на сојузниците од утринава е целосно во рацете на талибанците, 17 дена откако влегоа во Кабул. Ова значи дека главниот град на Авганистан е целосно во рацете на талибанците.

Талибанските лидери утринава прошетаа по пистата на аеродромот во Кабул и прогласија победа.

Видео може да погледнете ТУКА.

„Се надевам дека светот ја научи лекцијата и ова е моментот на победата во кој уживаме“, кажа во изјава за медиумите од пистата на аеродромот талибанскиот портпарол Забихула Муџахид..

Талибанците ја снимија празната писта со своите мобилни телефони, опкружени од припадниците на специјалните сили на исламистите. Портпаролот на талибанците кажа: „Оваа победа ни припаѓа на сите нас“.

Видео може да погледнете ТУКА.

Како што јавува Њујорк тајмс, талибанските власти тврдат дека повторно ќе го отворат аеродромот за неколку дена и луѓето со визи ќе може да заминат надвор.

„По 20 години ги победивме Американците“, кажа Мохамед Ислам, чувар на талибанците на аеродромот со каљашников во рацете. „Тие сега заминаа и нашата земја е слободна“.

„Јасно е што сакаме. Сакаме шеријат, мир и стабилност“.

САД вчера соопштија дека го завршиле повлекувањето на своите сили од Авганистан речиси 20 години по инвазијата во таа земја како одговор на нападите во Америка на 11 септември 2001 година.

Видео може да погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This