April 19, 2024, 10:59 pm

(Видео) Аkyтните пpoблеми со феkaлната кaнaлизација ќе се caнираат со брзи интеpвенции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На дојава и барање на граѓаните, денеска, градоначалникот Стевчо Јакимовски во придружба со претставници од Ј.П Водовод и канализација – Скопје и Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи од општина Карпош, беше во теренска обиколка на неколку локации низ општината.

Целта на оваа иницијатива е да се утврдат акутните приоритетни проблеми, поврзани со атмосферската и фекалната канализација, кои ги мачат карпошани. Притоа, првиот човек на Општината во координација со претставниците на скопското јавно претпријатие и локалната самоуправа, ја констатираа фактичката состојба на терен. Во таа насока, стручните служби во скоро време ќе интервенираат за решавање на проблемите и подобрување на комуналната инфраструктура во Карпош.

• Денеска искочивме на терен, за да ги утврдиме критичните точки кои се однесуваат на атмосферската и фекална канализација, лоцирани на улиците Козле бр. 6, Девол, Атинска, Дрезденска, Јуриј Гагарин бр. 53 и Прашка бр. 19. Одлучивме со брзи интервенции сите тие работи да ги санираме за да понатаму граѓаните немаат проблеми. Така што, во наредниот период буџетските средства што ги имаме за таа намена ќе ги искористиме секаде каде што може да ги елиминираме натамошните проблеми на граѓаните кои произлегуваат од фекална канализација да ги сведеме на минимум – констатираше Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This