(Видео) Бајден ги изгyби нepвите: Жеcток вepбален нaпaд кон новинарка на Си-Ен-Ен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател eо Бајден се извини откако имаше жесток одговор на новинарката на Си-Ен-Ен, која му постави прашања по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

По прес-конференцијата во Женева, американскиот претседател направи пауза за да одговори на прашањето на Кејтлан Колинс, новинар на Си-Ен-Ен, во врска со средбата со Путин и „верувањето“ на Бајден дека рускиот претседател ќе го промени однесувањето.

„Не сум сигурен дека ќе го смени неговото однесување. Што по ѓаволите? Што правиш цело време? Кога реков дека сум сигурен во тоа? “, Бајден беше жесток и видливо се изнервира.

Бајден потоа рече дека Путин може да ги промени своите постапки доколку реагира остатокот од светот.

Видеото од избувнувањето на Бајден во Женева се прошири на социјалните мрежи, а многумина го критикуваа неговото агресивно однесување кон новинарката, нагласувајќи дека ваквата изјава ќе предизвика голема бура во медиумите и меѓу активистите доколку станува збор за претседател кој не доаѓа од редовите на демократите.

Поединци забележале и дека Бајден бил поостар кон новинарите отколку кон Путин, пренесе РТ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This