За време на својот говор во средата американскиот претседател Џозеф Бајден ги помеша имињата на поранешните претседатели Барак Обама и Доналд Трамп, како што и самиот објасни, во „фројдовски лапсус“.
„Уште во 2009 година, за време на таканаречената Голема рецесија, претседателот ме замоли да управувам со тој дел, со тогашниот претседател Трамп“, им порача Бајден на насобраните во Пенсилванија, пренесува „Фокс њуз“.
Потоа се извини и рече дека станува збор за „фројдовски лапсус“, и објасни дека Трамп бил последниот претседател кој бил противник на Обама, додека Бајден беше вршител на должноста потпретседател.
Неговото заборавање во говорот, како и последователното објаснување, предизвикаа реакции кај американската јавност, пред сè оние кои се политички противници на Бајден.
„Мислам дека Џо Бајден можеби не знае што е ‘фројдовски лапсус’, изјавија од кабинетот на републиканскиот сенатор Џош Холи.
Имаше и други коментари на социјалните мрежи кои укажуваа дека со оваа изјава Бајден „само ги помеша Трамп и Обама“, како и дека „објаснувањето дека ова е „фројдовски лапсус“ значи дека има некои потсвесни чувства кон својот поранешен шеф, пренесувааат американските медиуми.
Joe Biden mistakes President Obama for President Trump, calling it a "Freudian slip." pic.twitter.com/fYfZBuciXL
— Townhall.com (@townhallcom) July 28, 2021