(Видео) Бајден co нoв гaф – Камала Харис ja нapeчe пpeтceдaтeлкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден направи нов јавен гаф, нарекувајќи ја потпретседателката Камала Харис претседателка.

„Кога претседателката Харис и јас…“, кажа Бајден на конференција за медиумите за програмата на вакцинација против коронавирусот во САД.

Потоа направи кратка пауза и продолжи: „Бевме на виртуелна тура во центарот за вакцинација во Аризона неодамна, и една од сестрите која ги вакцинираше луѓето кажа дека секоја доза вакцина е доза надеж“, додаде американскиот претседател.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Новата грешка на Бајден предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Бајден веќе еднаш ја „унапреди“ Харис во декември, кога ја нарече „новоизбраната претседателка“.

Пред да биде избран за претседател Бајден имаше серија јавни гафови, кои продолжија по неговото влегување во Белата куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This