(Видео) Без коментар: Новинарот Салиу избpkaн од пред ГОБ „8 септември“, обeзбeдyвањето не му дозволи да сними

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Фуркан Салиу денес се обиде да ја долови атмосферата пред Градската општа болница „8 септеври“, каде што редици луѓе чекаат да бидат тестирани и прегледани.

Неговиот обид да биде сниман беше дрско спречен од обезбедувањето, кое наместо да им помогне на луѓето и да се погрижи за одржување на растојание меѓу луѓето кои чекаа во ред, грубо се обиде да го избрка од пред болницата.

На видеото се гледаат неколкумина од обезбедувањето како се собираат околу новинарот кој се обидуваше да да сними што се случува пред болницата, придружувајќи се притоа кон мерките за носење заштитна маска и одржување растојание.

На дрското однесување на новинарите Салиу им порача дека нема да се повлече, ниту да се откаже, и ќе продолжи да снима и објавува се додека не почне да се почитува новинарството како професија.

https://www.facebook.com/FurKlan/videos/1328863437459538/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This