(Видео) “Бетмен велиТ“, вонредна епизода – „Заевејшн“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното, вонредно издание на емисијата „Бетмен велиТ“ со Богдан Илиевски-Бетмен, кое беше емитувано неколку дена пред најавениот термин, бидејќи, некои работи, едноставно не можат да чекаат до понеделник, Бетмен ги коментираше многуте настани и успеси на водачите на нашата држава кои ги одбележаа последните неколку дена.


„Добивме вето, како и обично, имаше снемано вакцини, како и обично, немаше регистерски таблици, како и обично, немаше пасоши, како и обично, и премиерот, повторно се изрезили и го промени ставот, како и обично“, велиТ Бетмен.

Бетмен го коментираше и таканаречениот „патриотизам по потреба“ на дел од нашите политичари, кои го „бетонираа“ нашиот идентитет, а кои, особено пред избори, не забораваат во секоја можна прилика да спомнат македонски, македонска…

„Знаете дека во последно време оние кои потпишуваат идентитетски договори, по потреба, и најчесто пред избори, стануваат големи патриоти. Па по потреба се сликаат пред знамиња, па користат македонски, македонска, македонско, невообичаено повеќе отколку што тоа го праваат“, коментира тој.


Еден таков налив на патриотизам по потреба беше објавата на твитер со која премиерот Заев и го честиташе успехот на, како што напиша тој, македонската фудбалска ререзентација.

И што прави во ваква ситуација премиер на држава кој тврди дека идентитетот бил бетон, и дека била заштитена употребата на придавките како македонска и македонски. Им одбрусува на Грците и вели дека не се во право и дека тој може, мора и ќе ги користи сите придавки кои тие му ги забрануваат.

„Тоа би било така кога на чело на државата би го немале овој феномен, кој обожава две работи, да се наведнува пред комшиите со неговата еластична кичма и да зборува на неговиот посебен дијаект на англискиот јазик“, велиТ Бетмен

Премиерот, кој се колнеше дека имаме право да користиме македонска за фудбалската ререзентација, сега вели дека нашравил грешка, затоа што користел македонска, бидејќи бил човек во години па им се извини на Грците и притоа отвори уште една голема дилема, а тоа е колку години се потребни за да се направи една ваква грешка, односно дали е сигурен колку години има нашиот премиер.

„Фразата неверјатно но вистинито не важи за нашиот Зоќе, бидејќи за него се е веројатно и се е вистинито“, нагласува Бетмен. 

Покрај извинувањето за кажувањето на македонска Заев рече дека има 47 години, па после се корегираше дека има 46, па заборави во дел од секунда и повторно имаше 47. 

Бетмен го потсети дека „здравје Боже“, 47 ќе има во октомври.

Бетмен додаде дека Македонија, во своето 30 годишно постоење како парламентарна демкратија, немала грешка толку голема колку премиерот Зорен Заев, и дека граѓаните ме смеат да ја повторат таа грешка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This