(Видео) „Бетмен велиТ“ – Какви мистерии крие Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богдан Илиевски-Бетмен, во најновото издание на „Бетмен велиТ“, зборуваше за премиерот Зоран Заев, и за тоа колку е тешко да се биде премиер, кој мора да оди на разноразни места, да седи, да глуми заинтересиран, и да се прави дека ги слуша и другите кои присутни додека да му дојде ред да зборува и да каже колку е се убаво, прекрасно, блескаво и да го објасни она што не се гледа со голо око.

Како на пример, посетата на премиерот Заев на Валандово, кое тој го нарече најубавиот град на светот и е наше мало Пејтон град место.

„Затоа што заслужува овој наш работлив народ, посебно во ова мало Пејтон место наше македонско, едно од најубавите на светот, блесна Валандово и цела Македонија го виде како изгледа. И навистина е бајка, градчето Пејтон.

Заев мисли за ТВ сапуницата Градчето Пејтон, од пред 50тина години базирана на америокаскиот бест селер Peyton Place, роман во кој се опишува животот во едно мало гратче наречено Пејтон, кое под својата убава површина крие тајни на жителите,како инцест, абортуси, силувања, прељуби и убиства. Токму поради оваа книга на која се базира и серијата, изразот Гратчето Пејтон, се користи како опис за било кое мало гратче кое крие скандалозни тајни. Тоа се разбира важи за целиот свет освен за Зоран Заев, иако не е дека тоа е далеку од вистината. На пример од блескавото македонско гратче Пејтон, беа соопштени неколку скандалозни тајни, кои досега светот не ги знаеше.

„Јас доаѓам веднаш од Атина во Валандово. Бев денеска до 17:30 во Атина, бев за убави работи, носам поздрави од Мицотакис и од Ципрас и од целиот грчки народ.“, изјави Заев пред граѓаните на Валандово.

Ете, прва голема тајна е дека Мицотакис, Ципрас и целиот грчки народ многу ги поздравииле жителите на Валандово….

Уште една голема мистерија која се отвори во Пејтон Валандово, е и мистеријата дали пред граѓаните се обрати можеби двојник на Заев, своевиден робот кој конечно реши да си ја отвори душата и да проговори за вистинскиот Заев и што тој прави.

„Можете да го видите претседателот на Владата, тоа е Зоран Заев, насекаде по светот на големи приеми со канцеларката Меркел, со претседатело Макрон, со премиерот на Италија, со премиерот на Австрија, со претседателот или премиерот на Полска, со претседателот, односно со премиерот, односно поранешната премиерка ан Британија, сегашниот премиер на Британија, може да го видите со сите светски лидери…“, изјавува Заев.

Одлично, велиТ Бетмен, и се прашува дали има и некоја друга тајна, на пример, зошто беа направени сите договори како договорот со Бугарија на пример, која беше целта?

„И тоа го направивме, со сите договори и дома и надвор, заради економијата. С ето тоа што го направивме го направивме заради подобра економија, и подобар економски стандард. И резултатите веќе ги имаме. Работам директно и кажувам, направив влегување на Фејсбук и Гугл, со централи во Мaкедонија со тоа што ги оданочуваат со 23 и 19% во Швајцарија и во Даблин, да дојдат овде. Малта им 4,3%, им понудив 3%. Ама доаѓаат со 30 милијарди евра добивка. На 3%, тоа се 900 милиони евра добивка во државата“, се пофали Заев.

Опаа, 30 милијарди, од нив 900 милиони чиста паричка за државата. А ќе има ли нешто за граѓаните од овие 900 милиони?

„Годишно, враќаме назад кон граѓаните во просекмоколу 800 милиони евра“, вели премиерот.

Супер, земаме 900 милиони од фабриките на фејсбук и Гугл, враќаме 800 милиони кај граѓаните. А овие 100 милиони, каде се?

„Кај Вицето..“

Опаа, еве уште една тајна во гратчето Пејтон. Домот на притаените интриги, добро ни оди.

Можеби е време да позборуваме за поинтимни работи, Сакате ли да споделите некое ваше чувство со нас??

„Сакам да го споделам чувството, што значи Џо Бајден, Меркел, Макрон, да имат еден глас во НАТО, и Зоран Заев има еден глас во НАТО. На сите 30 лидери, на земјите членки на НАТО, дискутираат, дискутира и Зоран Заев, слушат внимателно, ги запишуваат, и нашите ставови.

Глас Заев, и тоа глас, гласиште кое се слуша. ЕЕј, слуша НАТО и запишува кога Зоран зборува, слушаат и мирно стојат, бидејќи има што да каже. Сигурно им било многу интересно кога им го раскажал ова на некој состанок.

„Квантиниот скок, ако сакаме да го почувствува и економијата, и граѓаните, мора да биде со оваа буквално прелапнување на големиот заб и полноправното членство во НАТО и ЕУ.

Интересно, нели, квантиниот скок, прелапнување на големиот заб, слуша НАТО и запишува.

А на Меркел,што и кажал Заев на Меркел на тие состаноци?

„Очекуваме ова полугодие да го завршме со раст помеѓу 5,5 и 6,5%, Само да кажам, дека една Германија очекува 3,2%. Ние очекуваме 5,5% до 6,5% раст на економскиот производ во државата.

Па на вакви бројки, Меркел не само што ќе запишува, мирно ќе стои додека зборувате. Всушност ваква е реакцијата на канцеларката кога го слушнала ова што го зборувате.

Нема лабаво кога зборува главниот во малото гратче Пејтон. Туку ме интересире, има ли некоја тајна што не ја знаеме, во врска со Бугарија, која нели, ја спречува нашата евроинтеграција?

„Но, спречувајќи ја нашата интеграција, ја крева нашата слава“

Бугарија ја крева нашата слава, а благодарение на договорот, кој го потпишавте, нивната слава, т.е. слави, ќе ве крева вас, високо високо горе, сѐ до вселената.

Еве што вети, како еден од приоритетите, лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, доколку успее да направи влада.

Досега само патот до Европа ни одеше преку Бугарија, а отсега ете и патот до вселената. А дека имаме капацитет за вселенска програма, не е дилема, бидејќи границите на вселената и човековата глупавост се бесконечни, а ние имаме вселенско државно раководство, баш по мерка на Слави Трифонов

Премиере, што е за вас државотворен народ?

Државотворен народ е тој којшто знае да стисне заби и да сработи, да стисне заби и да донесе одлука, да стисне заби и да покаже храброст, ама притоа водејќи комплетно грижа за тоа што сме.

Идентитетот бетон, дури и во вселената. Туку, ако слави стане навистина бугарски премиер, сигуро некој ќе посака овој вицкаст шарлатан да ја оствари оваа своја најава, да земе еден астронаут кој го бетонирал северномакедонскиот идентитет и да тргнат далеку кон ѕвездите, да откриваата ноиви галаксии и да не брзат многу со враќање назад на планетата земја.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This