(Видео) „Бетмен велиТ“ – Северџански вселенски kypтaшak

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најновото издание на емисијата Бетмен велиТ со Богдан Илиевски-Бетмен, го коментираше односот на бугарските високи функционери кон Македонија и Македонците, кои, не пропуштаат шанса да нагласат дека не го признаваат нашиот забетониран идентитет и да повторат дека за нив сме Бугари. Таква беше изјавата на Слави Трифонов, лидерот на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, а кој истакна дека еде н од неговите приоритети е да испрати двајца бугарски астронаути во НАСА, но и еден, како што изјави тој, северномакедонец.

„Ќе направиме се што е возможно за да ги испратиме првите маж и жена, кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направиме сѐ што е возможно, да им се придружи и еден северномакедонски астронаут“, беше една од првите изјави на Трифинов по изборите.

На ова понуда за вселенски тројки се очекува нормално и одговор и на човекот со вселенска мудрост, големиот лидер Зоран Заев

„Ad astra per aspera, или патото кон ѕвездите е послан со тешкотии, ама сега е време да ги совладаме сите нив“,изјави Заев.

Премиерот започна и латински да зборува, речиси точно, сепак морамe да се прашаме, за какви потешкотии може воопшто да зборуваме ако веќе сме решиле да одиме во тројка кон вселената:

„Маж и жена ќе се бугарските астронаути, а северномакедонецот ќе е маж“, изјави Борисов, појаснувајќи го составот во кој ќе буде вселенската екипа.

„Прашањето е зошто па Бугарите да се двајца? Зошто да се маж и жена? Што ќе прави нашиот, или нашата? Ќе им свети? Или ќе ги учи да не се насеруваат на македонските песни, како што имаат обичај да прават. Зошто да се маж и жена од Бугарија, зошто да не се две бугарски жени и еден македонски маж во вселената? Зошто да е северномакедонец, а не Македонец? Или, Азис, Захариева и едно магаре од Македонија, па да се прашуваме кој ќе си игра со магарето“, велиТ Бетмен.

Мислам ако веќе си играме вселенски курташак, додека 30 години не успеваме дедна пруга да направиме меѓу двете земји, ајде да си играме.

Да се потсетиме на вицот кој Борисов го кажа ден по изборите

„Замисли горе во орбитата Бугарин и северномакедонец. И кога ќе ги види таму некој странец, минувач и ќе ги праша, кој од вас е Бугарин? Нашиот ќе вика јас сум Бугарин. А ти? Јас сум Македонец. Не си Македонец, двајцата сте Бугари. Ете така започнуваат меѓуѕвездените војни“, се пошегува Борисов.

Их ама е вицкаст братот Бојко. Меѓуѕвездени војни започнувале така што ќе дојдел странец во вселената и ќе му кажел на Македонецот дека е всушност Бугарин.

Е оваа полемика се водеше во соседството утредента по парламентарните избори. Таква им е оваа тема, забавна, ги релаксира и ги засмејува. Будејќи се сигурни во ветото, за кое правата им ги потпиша братот Зоќе на братот Бојко. Но, бидејќи за нас оваа тема не е баш за вицеви и зезања, ајде малку посериозно да ја фатиме.

Назад на воведниот муабет, на кој шарлатано Слави Трифонов најавуваше вселенска иднина со најпростачки вокабулар.

Тоа е суштината на оваа медиумска егзибиција на Слави Трифонов, не сака да праќа тој астронаути во вселената, туку да каже дека за цела вселена ќе сме северномакедонци, бидејќи Зоќе многу јако го избетонира идентитетот, и сега нашиот пат до светот води преку Бугарија.

Трифонов 20 години на телевизија стотици пати ги кажувал своите ставови за Македонија и кој тврди дека границата помеѓу Македонија и Бугарија е парадокс бидејќи од двете страни на границата живее еден народ, Бугари, односно дека не постојат Македонци според него, како и дека единствениот пат на Скопје до Европа е преку Софија.

Зоќе по оваа провокација истакна дека е повреден и дека таквата изјава се должи на незнаење.
„Кога некој не нарекува тоа што не сме, тогаш тоа повредува, и верувам дека се работи за незнаење, заради тоа што навистина се работи помеѓу две земији, две пријателски земји които нкој пат немале проблем“, изјави Заев

Ние не сме повредени што го погази сето наше достоинство, и го уништи и изобличи идентитетот, тој повреден бил. Незнаење е во прашање, во тоа верувал Зоќе, дека од незнаење Слави Трифонов не нарекол северномакедонци. Не никогаш сме немале проблем со политиката во Бугарија, ниту пак со Слави Трифонов, кој 20 години води антимаедонска политика.

Да не ја заборавиме и изјавата со која Труифонов ја нарече Македонија наромантичниот дел од Бугарската историја.

„И во денешно време, Македонија дури и формално да е разделена од Бугарија, сепак останува најромантичниот дел од бугарската историја, изјави Трифонов на телевизија“, изјави Трифонов не толку одамна.

Победникот на изборите, повторно направил грешка, случајно, грешка која го повредува Зоќе. А не треба да е така. Тие всушност се сакаат и се ценат, како што изјави и Трифонов кога ја поздрави изјавата на премиерот Заев во интервјуто за бугарската телевизија БГнес, кој рече дека ние сме братски народ, ист народ.

Трифонов оваа изјава ја нарече историска, дадена од, како што рече тој, до вчера антибугарски политичар и која, доколку стане актуелна политика во Македонија, ќе ги сруши не само спомениците во Скопје, туку и лажните споменици во сознанието за Македонија.

Трифонов беше поддржувач на Заев уште пред тој да стане премиер, и пред да го забетонира идентитетот од ПЈРМ, во северномакедонци.

Неколку дена од изјавата на Трифонов за вселенската програма, Зоќе ја повлече поддршката за Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија. Или пак ќе ја даде, ако го бетонираме северномакедонскиот идентите во таа резолуција.

Ви стануваат појасни работите, или сакате уште еден виц.

„Надежта останува да се оформи бугарскиот парламент и пред се и над се да оформи политичка влада“, изјави Заев во исчекување на изборите во Бугарија

Супер, надежта ни е да се формира влада со Слави Трифонов? Па таква надеж не умира последна, туку прва.

Можеби Зоќе мисли дека влада ќе направи брат му Бојко, кој никогаш не не нарeкол северномакедoнци.

Сигурно е грешка, па не е можно Бојко намерно да рекол северномакедонски.. тој е сепак брат на нашиот премиер, како што изјавува тој во секоја прилика. Ама брат ако не ти направи заебанција, нема кој да ти направи.

И да се потсетиме, сите овиа бришење под со македонскиот идентитет, бетониран од големиот Зоќе, нашиот голем блескав лидер вели дека било незнаење.

И точно е, во право е…
Незнаење на гласачите кои му дале доверба, незнаејќи каква мустра е, како прво или пак можеби незнаење од негова страна со кого потпишува договори и со кого си има работа.

Но, ако не ја знаеш азбуката, не можеш да пишуваш роман..Плус, да бидеме реални, не се работи за незнаење на Заев

И во чест на нперавдата на браќата на Зоќе, бидејќи сега сигурно и Слави ќе му стане брат, во чест на таа неправда, уште еднаш да се потстиме дека единствениот пат на Скопје до Европа е преку Софија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This