(Видео) Бомбaшkи нaпaд во луксузен хотел во Пакистан, yбиeни неколку лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири лица се убиени, а 12 се повредени во експлозија на бомба во луксузен хотел во Пакистан, потврдиле локалните власти.
Експлозијата се случила денеска на паркинг во хотелот Серена во Квета, југозападен Пакистан, соопштила полицијата, јавува Скај њуз.

На видеата се гледа како пламенот ги зафаќа хотелските објекти и автомобилите паркирани во близина.

Полицијата соопштила дека повредените, од кои некои биле критично, биле пренесени во блиските болници.

„Експлозијата го потресе паркингот на хотелот Серена. Полицијата се обидува да утврди за каква експлозивна направа станува збор”, изјави полицискиот службеник Насир Малик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This