(Видео) БРОЈКАТА ГОЛЕМА, НО НЕПОЗНАТА: Заев крие колку пари заработиле неговите фирми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната прес конференција посветена на економските достигнувања на Владата на Република Македонија, Зоран Заев одби да одговори колкава е заработката на фирмите во сопственост на фамилијата Заеви. Имено на денешната Владина прес конференција посветена на економијата Заев не штедеше пофални зборови говорејќи за работата на неговата Влада, зборот блескаме повторно беше употребен па токму во таа насока се движеше и прашањето на главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски.

Митовски го запраша Заев колкава е заработката на фирмите на фамилијата Заев минатата година, прашањето кое тој одби да го одговори.

-Велите дека економијата блеска, идеме нагоре, фирмите заработуваат многу добро, ќе можете ли да ни кажете колку заработија компаниите на вашето семејство, на семејството Заеви минатата година, запраша Митовски.

-За првото прашање ќе се обратите до компаниите, немам време верувајте ниту да бидам избрифиран кога се гледам со некои од моите роднини. Ќе ви кажат транспарентни се податоците, веројатно ги имаат објавено и на веб страните, но може да се обратите верувам дека ќе ги добиете сите податоци, одговори Заев.

Заев крие колку пари заработиле неговите фирми

Колку милиони заработиле Заеви минатата година?

Posted by infomax.mk on Monday, July 29, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This