(Видео) Бoки 13 ја пoтвpди кандидатypaта зa пpeтседатeл нa CДCM

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март.

Joвановски пред денешното судење за Меѓународен сојуз потврди дека ќе се кандидира за претседател истакнувајќи дека повеќе детали јавноста ќе добие во форма на соопштение.

Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.

Актуелното водство на СДСМ донесе одлука да одржи конгрес на 21-ви март, на кој непосредно ќе се гласа за нов лидер и за негови соработници. Во рамки на подготовките на конгресот, социјалдемократите почнаа процес на ажурирање на членството.

Боки-13 е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“. Тој беше пуштен во домашен притвор поради здравствени проблеми.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This