(Видео) Бopбатa ќе продолжи, ние сме спремни да ја водиме, Заев е во пад и ние ќе направиме се да го убрзаме тој пaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното вонредно издание на емисијата Тешки муабети, Љупчо Палевски Палчо и Милош Милошевски зборуваа за семакедонскиот протест за правда на уставобранителите кој ќе се одржи во недела на 25 април. Гостинот во вечерашното издание, господинот Боби Темелков истакна дека тој, иако повеќе од 30 години не живее во Македонија, бил во земјава за наголемите и најважни настани. За 27 април не успеал да дојде, но вели доколку бил тука, сега веројатно ќе бил во затвор заедно со уставобранителите.

„Јас сум бил во Македнија на речиси сите значајни настани за земјата. Ако бев на 27 април во Македонија, јас ќе бев во собранието со сите уставобранители, и сега веројатно ќе бев со нив во затвор. Ние од дијаспората сакаме да учествуваме во се што треба да се направи во Македонија, во целата борба. Борбата ќе продолжи, ние сме спремни да ја водиме. Македонија е најважна за нас“, посочи тој

Темелков откри дека подолго време се обидува да ги обедини Македонците во Македонија, и дека конечно гледа дека народот е подготвен да премине преку личните суети и да се обедини и да го стави интересот на земјата пред личниот и интересот на политичките партии.

„Очекуваме бурно лето. Заев е во пад и ние ќе направиме се да го убрзаме тој пад. Значи да се очекува година на пресврт. Веќе не се живее во МАкедонија. Јас не живеам таму, но имам фамилија, другари, ние станавме луѓе од трета категорија. Треба да се бориме барем тоа малку што остана од Македонија да го зачуваме. Ако не сега, кога? Немаме време за чекање“, апелираше Темелков.

Тој уште една повика сите Македонци од дијаспората и од Македонија да се обединат.

Вонредното издание на Тешки муабети можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This