(Видео) Бpojот нa жpтвитe во воopyжeниoт нaпaд на фaкултетот во рускиот град Перм се иcкaчи од три на осум – нaпaѓaчoт e yaпceн, имaл caмo 18 гoдини…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вооружениот напаѓач од снимките кој упаднал во кампусот на Универзитетот Перм во истоимениот град во Русија, бил студент на Универзитетот, пренесува ТАС.

Според наводите на полицијата, напаѓачот од кампусот наводно е 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој се забарикадирал во една од училниците.

Студентите од кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.

Според најновите информации од Russia Today, во нападот има најмалку 8 загинати, а најмалку 6 повредени.

Напаѓачот е уапсен од страна на полицијата.

На социјалните мрежи, непосредно пред нападот, Тимур го објаснил процесот со кој тој добил дозвола за оружје. Очигледно, како што пишува Индипендент,тој поминал неколку психолошки тестови, а тој рекол дека го избрал Универзитетот бидејќи пред четири години како таму „направил неколку сериозни грешки“.

“Откога се познавам себеси, отсекогаш сум размислувал за смртта. Не знам колку можам да убијам, но ќе направам се што можам за да понесам што повеќе од нив со мене”, напишал тој.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This