(Видео) Венко Филипче нema да поднесе ocтавка: Медиумите да не создаваат паника за ковид центрите, пожари се случуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче се извини што толку доцна излегол на прес-конференција за вчерашната трагедија во модуларната ковид болница во Тетово бидејќи било потребно време да ги собире сите потребни информации за да и ги соопшти на јавноста.

Од одговорност никој нема да биде иземмен истакна тој, но не соопшти дека ќе поднесе оставка.

-Од одговорност ниту бегам ниту ќе бегам туку ќе чекам да заврши истрагата, поради тоа што и во овој период има потребна за менаџирање на кризата, посебно околу пациентите во Тетово, вели Филипче.

Кога ќе заврши истрагата додаде тој ќе донесе одлука дали ќе поднесе оставка.

Тој го потврди сооштението од Владата дека странски истражители ќе ја утврдуваат причините за несреќата.

Филипче вели дека нема починати здравствени работници.

Починати пациенти се на возраст од 29 до 89 години.

Тој побара трпение за да се дознаат причините за несреќата.

Тврди дека модуларната болница била соогласно сите светски стандарди, бидејќи е финансирана од Светска банка.

Филипче го наметна прашањето дали објектот бил правилно оддржуван од страна на раководството во болницата во Тетово.

Од медиумите побара да не создаваат паника за ковид центрите бидејќи пожари и вакви несреќи се случуваат.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This